Халанд е машина - даде гол на последните девет меча за Манчестер сити (ВИДЕО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд игра во извонредна форма и тоа го покажа вечерва против Виљареал, кога повторно се запиша во листата на стрелци.

Халанд го постигна првиот гол во победата од 2-0 на Манчестер сити, а тоа му беше деветти натпревар по ред на кој се запишал во листата со стрелци.

Напаѓачот на „граѓаните“ е блиску до израмнување на неговиот рекорд од 10 меча по ред со постигнат гол, кога такво нешто му успеа во период од август до октомври 2022 година.