
Хет-трик за Фермин Лопез: Барселона го распарчи Олимпијакос (ВИДЕО)
Лопез игра одлично оваа сезона, па денеска против грчката екипа постигна хет-трик со головите во седмата, 39. и 76. минута од натпреварот. Останатите погодоци за Барселона беа постигнати од Јамин Ламал и Маркус Рашфорд (два погодоци). На спротивната страна Ел Каби погоди од пенал во 54. минута.
Интересно е тоа што Барселона повторно покажа дека најмногу е разиграна кога е на терен против тимовите на Хозе Луис Мендилибар, па така по оваа средба тренерот и неговите тимови имаат примено дури 91 погодок.
На вториот меч од ЛШ кој се играше во истиот термин, Каират Аламати и Пафос ремизираа без голови.