
Радовиш одигра одлично полувреме, па доживеа катастрофа против Тиквеш
Радовиш играше одлично во првото полувреме и знаеше како да ги казни кавадарчани за предност од 13-11 на полувремето, но во вториот дел следеше целосен пресврт.
Тиквеш набрзо израмни на 14-14, а потоа влезе во одлична голгетерска серија и му избега на ривалот на седум голови разлика (27-20), по што без многу мака го заврши мечот со победа.
Димитар Коцев постигна седум голови за Тиквеш, додека Мијушковиќ запиша пет погодоци.