
Арсенал го понижи Атлетико Мадрид, ПСЖ со седум гола го уништи Леверкузен (ВИДЕО)
Неизвесно беше меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид во првото полувреме, но потоа следеа катастрофалните 13 минути за шпанскиот тим кои никогаш нема да ги заборават бидејќи „топчиите“ постигнаа четири гола преку Габриел, Мартинели и Ѓокереш (два погодоци).
Неверојатен натпревар се одигра и во Леверкузен, каде што ПСЖ славеше со 7-2, а уште по првото полувреме беше јасно дека ќе има многу погодоци.
Парижаните поведоа преку Пако во седмата минута, а потоа Грималдо промаши пенал за домаќините, па следеше и црвен картон за Адрих.
Гарсија израмни на 1-1 од пенал, а тоа како да ги разбуди гостите од Париз кои со погодоци на Дуе и Кварацхелија поведоа со 4-1 пред полувремето.
Мендеш на стартот на вториот дел погоди за 5-1, а потоа „фармацевтите“ намалија преку Гарсија во 54. минута, но европскиот првак го засили темпото во завршницата и со голови на Дембеле и Витиња ги постави конечните 7-2.
Резултати:
Арсенал – Атлетико Мадрид 4-0
Баер Леверкузен – ПСЖ 2-7
Копенхаген – Борусија Дортмунд 2-4
Њукасл – Бенфика 3-0
ПСВ – Наполи 6-2
Ројал Унион – Интер 0-4
Виљареал – Манчестер сити 0-2
Фото: PSG