
Ракометната ЛШ се проширува, Македонија ќе има два претставника?!
Новиот формат во ракометните натпреварувања ќе почне од сезоната 2026/27, а со самото зголемување на бројот на тимови во ЛШ се отвора простор за Македонија да добие два претставника во елитното натпреварување.
Вардар е двократен европски шампион, додека Пелистер веќе три сезони се натпреварува во ЛШ, при што на сите гостувања во Македонија салите се исполнети до последното место и владее голем интерес за европските натпреварувања, што би можело да ја „натера“ ЕХФ да ни додели две места на турнирот, но за тоа ќе се почека дополнителна потврда.
Европската куќа на ракометот објасни дека новиот систем во ЛШ значи дека во првата фаза ќе се натпреваруваат 24 екипи поделени во шест групи, при што од секоја група најдобрите две ќе се пласираат во главната фаза.
Најдобрите 12 тимови од првиот дел од турнирот ќе бидат поделени во две групи во главната фаза, по што најдобрите четири од групите А и Б ќе се пласираат во четвртфинале, додека петтопласираните тимови ќе играат во нокаут-фазата во Лига Европа. Потоа следи завршниот турнир во ЛШ каде ќе се соочат најдобрите четири екипи.
Европската лига, од друга страна, ќе има 32 тимови поделени во осум групи по четири екипи. Првите две ќе се пласираат во плејоф, каде што им се приклучуваат 12 тимови од ЛШ (тие што завршиле на третата и четвртата позиција во своите групи). Потоа следи осминафинале, четвртфинале и завршница на натпреварувањето.
Фото: EHF