Црвена Звезда по голема драма го „нокаутираа“ Виртус во Белград

Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа со 90-89 против Виртус Болоња во драматичен меч кој се одигра во белградска Арена.

„Црвено-белите“ го отворија мечот со 23-15, но Виртус Болоња направи пресврт и на паузата замина со 46-45.

Второто полувреме продолжи во одличен ритам и следеше драматична завршница во која неколку пати двете екипи го менуваа водството, а на крајот се радуваше српскиот гигант.

Милер-Мекинтајер беше најефикасен во редовите на победничкиот тим со 21 поен, четири скокови и 10 асистенции, додека Карсен Едвардс запиша 20 поени, три скокови и две асистенции за Виртус.

Останати резултати:

Монако – Баерн 103-77
Олимпијакос – Асвел 107-84
Барселона - Басконија 134-124

Фото: Facebook/CrvenaZvezdaKK