Миовски неизвесен за дербито меѓу Ренџерс и Хартс
Тренерот Дени Рол кажа дека Миовски е неизвесен за средбата затоа што сè уште е повреден, но ќе ја следат неговата состојба.
„Лајл Камерон е надвор од конкуренција, додека Бојан е под знак прашалник, односно ќе ја следиме состојбата во следните 48 часа. Сите останати фудбалери се подготвени за дербито“, кажа Рол.
Миовски се повреди токму кога влезе во голгетерска форма, односно почна да постигнува голови во серија, и тоа два против Килмарнок, а потоа и против Ференцварош.
Ренџерс во моментов е на третата позиција со 29 бодови, додека Хартс е лидер со 38 поени во шкотскиот шампионат.