ТФТ го распарчи Тиквеш и запиша десетта победа во Суперлигата (ФОТО)
Тиквеш даде голем отпор во првото полувреме, односно му парираше на ривалот во првите две четвртини по кои резултатот беше нерешен (32-32).
ТФТ се разигра на стартот во вториот дел, а посебно доминантен беше во последната четвртина во која постигна дури 35 поени, додека Тиквеш застана на само 13 поени.
Најефикасен во победничкиот тим беше Сомервил со 19 поени, додека Дес запиша 17 поени кај Тиквеш.


