Фергусон со мрачна прогноза: На Јунајтед ќе му требаат 10 години да ја освои лигата!

Поранешниот тренер и легенда на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон кажа дека клубот од „Олд Трафорд“ би можел да чека уште најмалку 10 години за да ја освои Премиер лигата.

Фергусон повлече паралела со Ливерпул, кој чекаше за нова титула дури три децении, а „црвените ѓаволи“ би можеле да се соочат со идентична судбина.

„Аморим е добра личност. Не му е лесно. Се сеќавам на својот почеток во клубот кога Ливерпул беше доминантен, ја освои Лигата на шампиони, но му требаа 30 години да ја освојат Премиер лигата. Ние сега сме во слична ситуација. Може да чекаме уште 10 години за пехар“, кажа Фергусон.