Дортмунд го надигра Менхенгладбах и му се приближи на Баерн
По 10 минути падна првиот гол „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд кога Хулијан Брандт ја затресе мрежата на гостите од Менхенгладбах.
Гостите беа очајни во нападот и не успеаја да возвратат, па примија и втор гол во седмата минута од судиското надополнување кога Максимилијан Бајер стрелаше за конечни 2-0.
„Милионерите“ по оваа победа му се приближија на Баерн на шест бодови разлика, но гигантот од Минхен допрва треба да го одигра дуелот од 15. коло.
Фото: Facebook/Borussia Dortmund