Салах им се извинувал на соиграчите по хаосот кој го направи во Ливерпул

Египетскиот репрезентативец Мо Салах им се извинувал на соиграчите од Ливерпул по хаосот кој го направи во премиерлигашот.

Куртис Џонс во разговор со „Скај“ откри што се случувало во соблекувалната, откако Салах кажа дека не е задоволен во Ливерпул и дека не е во најдобри односи со тренерот Арне Слот.

„Салах ни се извини на сите. Ни кажа дека се извинува затоа што не сакал никого да повреди. Мо е човек од збор“, кажа Џонс.