Ѓоковиќ се откажа од турнирот во Париз, а нема да настапи ниту во Торино!?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ реши да се откаже од турнирот во Париз, а засега не е познато дали ќе биде подготвен ниту за завршниот мастерс во Торино.

Ѓоковиќ беше пријавен за настап на турнирот во Париз од 27 октомври до 2 ноември, но по настапот во Шангај и турнирот „Шест кралеви“ во Саудиска Арабија реши да се повлече од терените.

Поранешниот освојувач на турнирот во Париз има повреда уште од Шангај, па негов приоритет во моментов е да се рехабилитира и да биде способен за настап во Торино, иако голема е веројатноста да не настапи во Италија.