
Погба конечно почна да тренира со соиграчите од Монако!
На Французинот му требаше време да се врати, па дури од оваа недела почна со тимски тренинзи. Потврда за тоа стигна и од тренерот Себастиен Покоњоли.
„Во понеделник Пол тренираше со тимот за првпат откако јас пристигнав. Беше насмеан, уживаше и комуницираше со останатите играчи. Тоа е првиот чекор. Можеби ќе треба неколку дена, две или три недели, па потоа ќе можеме да работиме на неговата форма и континуитет. Многу сум среќен што повторно го гледам на терен“, изјави Покоњоли.
Засега останува нејасно кога Погба ќе ги одигра првите минути за Монако и дали ќе успее да воопшто да се врати на своето високо ниво.