Ракометар на Веспрем постигна 12 гола во ЛШ, но Лазаров остана недостижен на врвот!

Во победата над Спортинг минатата недела ракометрот Ахмед Хешам постигна 12 гола за Веспрем, а ова негово достигнување потсети и на македонската ракометна легенда Кире Лазаров.

Имено, досега 15 пати низ историјата еден ракометар на Веспрем постигнал 12 или повеќе погодоци, меѓутоа рекордер е Лазаров кој во дресот на унгарскиот тим на двапати во 2005 и 2006 година постигнуваше по 14 гола во натпревар од ракометната елита.

Тоа сегашниот предводник на Алкалоид го направи прво против Динамо Букурешт, а потоа против Повашка Бистрица. Исто така Лазаров и уште дваапати постигнал по 12 гола.

Покрај него на оваа листа се уште: Марко Вујин (трипати по 12 гола), Јожеф Елес (12), Јено Путик (13), Златко Сарачевиќ (12), Мирза Џомба (12), Карлос Перез (13), Петар Ненадиќ (12) и Јахија Елдера (12).