
Фудбалот повеќе нема да биде ист: Се подготвува правилото на Венгер
Предлогот на Венгер привремено беше архивиран, но сега повторно е претставен до ИФАБ и изгледа дека сме блиску до големи промени.
„Се подготвува законот на Венгер. Фудбалот никогаш нема повеќе да биде ист“, стои во текстот на шпанскиот „АС“.
Според споменатиот предлог офсајд не би се судел, ако само еден дел од телото на напаѓачот е пред противничкиот одбранбен фудбалер, туку само кога целото тело ќе биде понапред.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: The IFAB will once again analyze Arsène Wenger’s proposal: a player would only be offside if their entire body is ahead of the defender.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) October 21, 2025
The idea aims to reduce millimetric controversies and increase the number of goals — but it would completely change how… pic.twitter.com/1rpZfNSFZ6
Со новата технологија лесно би можело да се одреди кога телото на фудбалерот кој напаѓа е навистина пред одбранбениот фудбалер.
Меѓународниот судија Итуралде Гонзалез во шпанска ТВ емисија потврди дека предлогот е повторно отворен и истиот ќе се анализира на претстојниот годишен состанок, ако помине таму ќе биде испратен на следниот закажан за февруари, а потоа би следел и тест во помалите натпреварување.
Нема дилеми дека ако правилото биде усвоено тоа ќе значи и промени во тактиката за напад и одбрана на одредени тренери.
Фото: FIFA