
Работнички преку пенали до осминафинале во Купот на Македонија
Двете екипи одиграа 1-1, па победникот го решаваа пеналите каде што подобар беше тимот од Дебар Маало. Работнички рано дојде до водство со голот на Асани по 13 минути игра и тоа водство беше актуелно се до стартот на вториот дел.
По само четири минути игра во второто полувреме штипјани со голот на Еди Мандак го израмнија резултатот.
Во продолжение немаше голови, па така според правилата во Купот веднаш се изведуваа пенали каде што два не реализираа фудбалерите на Брегалница и тоа беше доволно за осминафинале на Работнички..
Работнички така им се придружи на: Силекс, Струга и Шкендија Арачиново кои денеска славеа победи.