
Арсенал му се извинил на Атлетико затоа што немало топла вода во соблекувалната!
Утринава осамна веста дека Атлетико Мадрид го пријавил Арсенал на УЕФА затоа што во соблекувалната немало топла вода да се истушираат по вчерашниот тренинг. Биле непријатно изненадени.
Тие морале испотени да се возат со автобусот до хотелот каде што се истуширале. Од шпанскиот клуб се пожалиле дека немаат нормални услови за тренинг на меч од Лигата на шампионите и тоа на стадион каков што е Емирати.
„Би-Би-Си“ сега пренесува дека од таборот на Арсенал им се извиниле на гостите за непријатноста.
Арсенал вечерва од 21 часот го пречекува Атлетико Мадрид во меч од Лигата на шампионите.
Нејасно е дали ова е психолошка војна на Топчиите или некој навистина заборавил да го вклучи греење на водата.