Куртоа распука по Ла Лига: Првенството станува нерегуларно!

Во Шпанија, но и секаде во светот фудбалските луѓе се згрозени од идејата меч од домашно првенство да се игра во друга земја, клубовите почнаа и јавно да протестираат, а од таборот на Реал Мадрид не се штедат во изјавите.

Своето мислење го кажа Тибо Куртоа на денешната прес-конференција. Тој смета дека се поткопува регуларноста на првенството со тоа што Барселона наместо да му гостува на Виљареал на Ел Мадригал, тие ќе играат во Мајами каде ќе ја имаат поддршката од публиката.

„Барселона и Виљареал во Мајами? Не се сложувам со тоа, тоа е саботажа на првенство. Не го одобрувам тоа. Наместо да играат во Шпанија, каде домаќините ќе бидат вистински домаќини, тие ќе играат во Мајами, а одлуката се донесува среде првенство“, вели Куртоа.

Ла Лига ги цензурира протестите на клубовите кои протестираат. Обично тие тоа го прават со неиграње во првите неколку секунди, па тој дел од преносите не се покажува на телевизија. Во преносот се уклучуваат откако ќе почне топката да се тркала.

„Не знам зошто луѓето се изненадени поради тоа. Не сум видел претседател на друга било која лига да се однесува како Тебас. Тие се обидуваат да скријат работи. Тоа е манипулација“, додаде Куртоа.