Струга среде Ѓорче ги потопи „лавовите“, Шкендија Арачиново го исфрли Пелистер! (ФОТО)
Струга со оглед на формата со која игра во домашното првенство влезе како фаворит во дуелот со „лавовите“ и таа улога ја оправда можеби и полесно од очекуваното.
. Резултатот го отвори Ивковиќ со голот по половина час игра и тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Преостанатите четири гола беа постигнати во последните 15 минути од средбата кога домашниот состав целосно се распадна.
Изненадување приреди екипата на Шкендија Арачиново која на теренот во Сингелиќ славеше победа од 1-0 над Пелистер за кого ова е само продолжување на кризата од домашното првенство каде што на девет средби има дури шест порази.
До тешка победа успеа да дојде Силекс кој во Куманово го совлада незгодниот Башкими со 2-1. Резултатот беше отворен по само четири минути игра кога убав гол постигна Додев. Домаќините израмнија преку Симоновски кој најдобро се снајде во шеснаесетникот пред крајот на натпреварот. Одлучувачкиот момент се случи на 20-тина минути пред крајот кога гостите го постигна победничкиот гол.