Варга ја напушти болницата по операцијата и се врати во Унгарија

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја заврши групната фаза на Европското првенство (ЕП) на треотот место, а мечот против Шкотска го одбележа тешката повреда на Барнабаш Варга.

Варга имаше операција во болница по повредата на јаболчната коска, но денеска ја напушти болницата и се врати во татковината.

Информацијата за враќањето на Варга во Унгарија ја потврди неговиот клуб Ференцварош.