Ферстапен победник на спринт трката во Австрија, два подиума за Мекларен

Aктуелниот шампион Макс Ферстапен дојде до десеттата победа на спринт трките.

Денеска Холанѓанецот беше најбрз на патеката „Шпилберг“ во викендот на Големата Награда на Австрија.

Ферстапен стартуваше од пол-позицијата и успеа да ја задржи добивајќи го дуелот со двата возачи на Мекларен. Ландо Норис во еден момент успеа да биде пред Ферстапен, но шампионот брзо ја врати позицијата.

Во продолжение Ферстапен беш безбеден, а тимските колеги од Мекларен се бореа за позиции. На крајот двајцата завршија на подиумот. Зад нив следуваа Џорџ Расел, Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Серхио Перез, Кевин Магусен и Ленс Строл.

Главната трка на програмата е утре од 15:00 часот.