Англија ослабена во четвртфиналето против Швајцарија

Англиската репрезентација славеше со 2-1 против Словачка по голема драма и обезбеди четвртфинале на Европското првенство (ЕП) каде што ќе се соочи со Швајцарија.

Селекторот Герет Саутгејт повторно ќе има проблеми во одбраната затоа што не може да смета на дефанзивецот Марк Геи поради жолти картони.

Геи би требало да се врати на теренот во полуфиналето на ЕП во Германија доколку Англичаните ја минат Швајцарија.