Брера го продолжи договорот со младиот голман Филип Купанов

Струмичката Брера покажа дека размислува на иднината и денеска потврди дека и во наредната сезона ќе го задржи младиот голман Филип Купанов.

Купанов потпиша договор и за следната сезона. Во објавата со која беше потврдено дека 21-годишниот чувар на мрежата ја продолжува верноста Брера најави дека со добрите настапи се наметнува на голманската позиција. Во новата сезона ќе видиме дали би можел да биде и прв голман.

Во последната сезона за Брера запиша четири настапи во ПМФЛ. Купанов е дел од струмичкиот клуб уште од 2017 година, а беше испраќан на позајмици во Детонит Јуниор и Беласица.