Фудбалскиот репрезентативец на Англија, Ентони Гордон се здоби со повреда откако во текот на слободниот ден на Европското првенство паднал од велосипед.

Имено, по завршувањето на групната фаза Англија доби слободен ден и дел од фудбалерите тој ден го искористиле за возење велосипед во близина на кампот каде што е сместена репрезентацијата.

Меѓутоа Ентони тоа возење нема по добро да го памети бидејќи ја изгубил контролата и паднал здобивајќи се со одредени повреди.

Информацијата за бизарната повреда на Гордон пред осминафиналето ја потврди неговиот соиграч Марк Гуехи.

„Падна од велосипед. Момците излегоа да возат точак, јас не бев таму. Ми кажаа кога се вратија, разговарав со Ентонио и не го забележав во прв момент. Кога се сврте видов голема рана на неговата брада, но во ред е, добар е“, изјави Гуехи.

Според информациите ова нема да биде проблем Гордон да настапи во осминафиналето против Словачка во утрешниот натпревар од 18:00 часот.