Продолжувањето од осум минути не било главната причина за исфрлањето на Мекели од ЕП?

Вчера беше потврдено дека Холанѓанецот, Дани Макели нема повеќе да ја дели правдата на Европското првенство. Одлуката УЕФА ја донесе по натпреварот помеѓу Хрватска и Италија кој заврши без победник 1:1, а тоа значеше елиминација за „коцкестите“.

Хрватската јавност најмногу реагираше на долгото продолжување од осум минути бидејќи токму и во таа осма минута Закањи го постигна голот кој значеше осминафинале за Италија, а елиминација за Хрватска.

Сепак, според информациите кои денеска ги објави италијанскиот „Кориере дело Спорт“ продолжувањето од осум минути не е главната причина поради која Мекели е отстранет од ЕП.

Наводно, Роберто Росети, шефот на судиите на УЕФА потврдил дека Мекели бил суспендиран од првенството поради употребата на ВАР при играњето на Давиде Фратези со рака. Во таа ситуација Хрватска доби пенал кој Донарума го одбрани. Мекели е суспендиран затоа што не видел очигледно играње со рака и чекал помош од ВАР.

Но, треба да се спомене и дека жалби на судењето на Мекели имаше и по натпреварот кој претходно го судеше помеѓу Германија и Унгарија, тогаш реагираа Унгарците.