Вардар и Ла Фиорита се сменија - првиот меч ќе се игра во Скопје

Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар ќе биде домаќин на првиот натпревар против Ла Фиорита од Сан Марино, во воведното квалификациско коло од Конференциската лига.

Мечот е на програмата на 10 јули на Градскиот стадион во Скопје, а со тоа е направена промена во однос на првичната ждрепка според која тој дуел требаше да се игра во Сан Марино. Останатите македонски претставници во ова натпреварување, Силекс и Работнички, остануваат домаќини на возвратните дуели.

Реваншот во Сан Марино се игра една недела подоцна, а ако Вардар биде подобар, во второто квалификациско коло би се сретнал со Данди Јунајтед, Санта Клара, Шамрок или Лозана.