„УЕФА повеќе би сакала Ливерпул да стане шампион, а не Реал“

Европската фудбалска унија повеќе би сакала Ливерпул да го победи Реал Мадрид и да го освои трофејот во Лигата на шампионите, изјави поранешниот функционер на УЕФА, Томас Грим.

Грим, сегашниот претседател на украинската лига и поранешниот член на правниот тим во УЕФА, таквите тврдења ги образложи со тоа дека УЕФА „преферира да се менуваат шампионите“, а Реал во претходните две сезони беше шампион на Европа.

„УЕФА секогаш сака нови шампионите за да не се „убие“ натпреварувањето, а тоа би се случило доколку еден ист тим три години по ред биде најдобар. Реал има фантастични играчи, но од аспект на самото натпреварување, подобро би било некој друг тим, во случајов Ливерпул да стане шампион“, изјави Грим за украинските медиуми.

Грин инаку беше вклучен и во работата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Фудбалскиот сојуз на Украина.

Финалето во Киев се игра на 26 мај.