УЕФА отвори истрага против Реал Мадрид (ВИДЕО)

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека е отворена истрага против Реал Мадрид поради инцидент во реваншот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).

Натпреварот го одбележаа многу контроверзи, а сè кулминираше во финишот кога играчите на Реал Мадрид решија да слават пред противничките навивачи на „Ванда Метрополитано“.

„Дисциплинските инспектори на УЕФА се задолжени да го истражат инцидентот поврзан со Антонио Рудигер, Килијан Мбапе, Дани Себаљос и Винисиус Жуниор од мечот на 12 март“, соопшти УЕФА:

Шпанска „Марка“ пишува дека Рудигер е под истрага поради скандалозни гестови на теренот, а срамни потези направиле и останатите кои се споменати во соопштението.