
Шкендија ја чека пекол во Романија, ќе ја чува предноста пред - полни трибини!
Информациите од Романија велат дека е голем интересот за овој натпревар, веќе се продадени 22.000 влезници за натпреварот.
Капацитетот на Националната арена во Букурешт е 30.000, па се очекува до почетокот на натпреварот мечот да се распродаде или да биде блиску до распродажба.
Шкендија покажа мускули во Скопје, одигра одличен натпревар и со право се надева на поминување во следното коло.
Доколку македонскиот шампион ја сочува предноста, ќе оди во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а доколку загуби ќе се префрли во квалификациите од Лига Европа.