Шкендија ги дозна следните можни противници и ако го помине ТНС и во случај да загуби!

Шкендија како македонски шампион е нашиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите каде ќе се сретне со ТНС од Велс. Денеска беше извршена ждрепката и за второто квалификациско коло.

Ако Шкендија го помине ТНС од Велс ќе се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а таму ќе игра со подобриот од дуелот меѓу ФЦСБ од Романија и Интер Ескаладес од Андора.

Но, доколку македонскиот шампион загуби од велшкиот претставник, ќе се пресели во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Таму Шкендија ќе се соочи со поразениот од дуелот меѓу Дрита од Косово и Диферденџ од Луксембург.