Се појави снимка: На Мбапе му се заканува суспензија - направил срамен гест! (ВИДЕО)

Репрезентативната пауза заврши и се враќа клупскиот фубал, а првите натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампионите се за десетина дена. Во нив Реал Мадрид ќе игра против Арсенал и во тој дуел „кралевите“ би можеле да бидат ослабени.

Имено, според последните информации Килијан Мбапе може да биде суспендиран барем за првиот натпревар поради непримерен гест кој го направил во текот на славјето по победата над Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид двомечот со градскиот ривал го доби по изведувањето на пенали, а во моментите на славје Мбапе застана пред навивачите на Атлетико и се допре за меѓуножјето.

Покрај Мбапе под истрага поради славјето со Атлетико се уште: Антонио Рудигер, Дани Себаљос и Винисиус Жуниор.