Романија ремизира со Словачка, Белгија закажа осминафинале против Франција

Словачка и Романија одиграа нерешено (1-1), додека Украина ремизира против Белгија (0-0) во третото коло од групната фаза, по што стана јасно кои селекции ќе играат во осминафиналето на Европското првенство (ЕП).

Дуда во 24. минута донесе водство за Словачка, меѓутоа радоста траеше кратко затоа што Марин од пенал израмни на 1-1, по што резултатот не се менуваше до крајот на натпреварот.

Украина и Белгија одиграа добар меч со многу шанси на двете страни, а повеќе се закануваа Украинците, меѓутоа мрежите мируваа (0-0).

Пласман во осминафинале од групата Е обезбедија Романија, Белгија и Словачка, додека Украина си оди дома.

Интересно е тоа што во осминафинале ќе се соочат Белгија и Франција.