Реал се извлече пред паузата: Марсело изедначи на 1-1! (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Реал Мадрид застанаа на 1-1 по половина натпревар на „Алијанц арена“.

Баерн Минхен имаше повеќе шанси и поконкретна игра, но Реал успеа да ја врати резултатската рамнотежа и тоа во 44. минута. Од никаде, без акција, туку си индивидуален шут од далечина, по земја - Бразлиецот ја погоди целта.

Претходно Баерн Минхен поведе преку Кимих со уште поубав гол, во 28. минута. Баерн го игра првото полувреме хендикепиран, бидејќи мораше да прави две принудни замени. Се повредија Робен и Боатенг.