Србија и Црна Гора извисија, ИХФ ѝ додели вајлд-карта на Швајцарија за настап на СП!

Светската ракометна федерација (ИХФ) одлучи на Швајцарија да ја додели последната вајлд-карта за настап на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Меѓу кандидатите за вајлд-карта беа и Србија и Црна Гора, но со одлуката на ИХФ им пропаднаа и последните шанси да се најдат на Мундијалот.

Од другите држави кои сакаа вајлд-карта беа и Саудиска Арабија, Кина, Грузија, Грција...

Македонија преку бараж мечот со Фарски Острови се пласираше на Светското првенство.

Ждрепката за групите од Светското првенство ќе се одржи на 29 мај.