Лопетеги официјално промовиран во нов менаџер на Вест Хем

Поранешниот селектор на шпанската репрезентација Жулен Лопетеги денеска официјално е претставен како нов менаџер на Вест Хем.

Такво нешто беше најавено уште на почетокот на овој месец, но денеска доби потврда. Тоа ќе биде втор ангажман во Премиер лигата за Лопетеги откако во 2022 и 2023 година беше менаџер на Вулверхемптон.

Вест Хем не објави на колкав период е договорот, но од Лоппетеги се очекува да го надгради тимот кој лани триумфираше во Конференциската лига.