Сигурдсон го објави списокот: Хрватска без Карачиќ на Олимписките игри

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ е најзвучното име во хрватската репрезентација кое отпадна од конкуренција за настап на Олимписките игри во Париз.

Селекторот Дагур Сигурдсон денеска го објави поширокиот список од 20 играчи, а на него го нема искусниот бек и еден од милениците на навивачите на Вардар. Дополнително, пред Олимписките игри ќе отпаднат тројца од кои еден голман бидејќи Сигурдсон повика четворица.

Подготовките за Олимписките игри, Хрватите ќе ги почнат на 25 јуни во Прелог каде ќе одигра пријателски меч со Египет. Во таа фаза Сигурдсон ќе го скрати списокот и во Опатија ќе отпатува со 17 играчи на кои ќе смета во Париз.