Милан и Пиоли договорија спогодбен раскин на соработката

Милан нема да го отпушти тренерот Стефано Пиоли бидејќи двете страни договориле спогодбен раскин на соработката.

Искусниот стручњак имаше уште една година од договорот, но менаџментот на клубот беше одлучен во намерата да го тргне од клупата. Пиоли бил свесен за тоа и се согласил да си замине за што ќе добие компензација и ќе може веќе во текот на летото да бара нов ангажман.

Тој го водеше Милан од 2019 година, а три сезони подоцна му ја донесе на клубот првата шампионска титула во Серија А по пауза од 11 години.