Модриќ стана најстариот стрелец на гол на ЕП (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ вечерва постигна гол против Италија (1-1) и се запиша во историјата на Европските првенства (ЕП).

Модриќ со своите 38 години и 289 денови стана најстариот стрелец на гол на ЕП, но тој рекорд падна во сенка поради прокоцканата победа на Хрватска.