Конате и Салах го искачија Ливерпул на врвот во лигата (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул славеше против Вулвс со 2-1 во шестото коло и се искачи на врвот на Премиерлигата.

Ливерпул ги стресе „волците“ во 47. минута преку Конате, но на почетокот на вториот дел Вулвс се врати преку Аит-Нури кој стрелаше за 1-1.

Гостите од „Енфилд“ веднаш тргнаа да си го вратат водството и тоа им успеа во 61. минута кога Салах стрелаше за 2-1.

Ливерпул е лидер во првенството со 15 бодови, по што следат Манчестер сити и Арсенал со по 14, додека Челси има 13.