Влаховиќ конечно проработе: Јувентус лесно ја освои Џенова

Јувентус славеше на гостувањето кај Џенова со 3-0 во шестото коло од италијанската Серија А, додека мечот го одбележа српскиот голгетер Душан Влаховиќ.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, Влаховиќ од пенал во 48. минута погоди за предност од 1-0, а потоа Србинот во 55. минута стрелаше за да го зголеми водството на 2-0.

Победата за гостите од Торино ја потврди Консеисао, кој во 89. минута ја затресе мрежата на домаќините за 3-0.

Јувентус е лидер во Серија А со 12 бодови, односно еден повеќе од Торино, Милан и Интер.