Комити му фатија сеир на Пелистер за ужасните резултати во ЛШ (ФОТО)

Денеска во „Јане Сандански“ се игра ракометното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, а во овој натпревар вардаровите навивачи не пропуштија да го „пецнат“ лутиот ривал за лошите резултати и оваа сезона во Лигата на шампионите.

Пелистер минатата сезона настапот во Лигата на шампионите го заврши со порази во сите 14 натпревари, а црната серија ја продолжи и сезонава во првите три средба.

„Комити“ на својата трибина истакнаа транспарент на кој стоеше:

„Прво прашање оваа сабота: Кој ќе ја плати европската срамота?“