Павловиќ постигна спектакуларен гол: Баерн освои бод против Леверкузен (ВИДЕО)

Баерн Минхен доминираше во дербито против Баер Леверкузен, меѓутоа не успеа да го победи актуелниот германски шампион (1-1) во петтото коло од Бундеслигата.

Роберт Андрих по половина час игра ги изненади домаќините и ја затресе мрежата на Мануел Ноер за водство од 1-0, но радоста на Леверкузен не траеше долго затоа што Александар Павловиќ во 39. минута погоди за 1-1.

Избраниците на Винсент Компани нападнаа со сите сили во второто полувреме, меѓутоа „фармацевтите“ одлично се одбранија и се враќаат дома со еден бод.

Баерн останува лидер со 13 бодови, по што следи Лајпциг со 11, додека Леверкузен е трет со 10 бода.