Бразил без муниција против Костарика, Колумбија го совлада Парагвај (ВИДЕО)

Ноќеска се одиграа два меча од Копа Америка, Бразил не успеа ниту да даде гол против Костарика, мечот заврши 0-0, Колумбија со 2-1 го совлада Парагвај, Хамес Родригез запиша две асистенции.

Бразил ги разочара своите навивачи на стартот од Копа Америка. Се очекуваше нивна сигурна победа против Костарика, но не успеаа да постигнат ниту гол.

Бразилците во нападот играа со Винисиус, Родриго и Рафиња, но не го најдоа патот до мрежата на Костарика.

Колумбија со 2-1 го совлада Парагвај, а во центарот на вниманието беше Хамес Родригез кој асистираше при двата погодока.

Резултатот беше отворен во 32. минута кога Родригез одлично нафрли до главата на Муњоз кој ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.

Десет минути подоцна повторно Родригез асистира, овојпат до Лерма за сигурно водство од 2-0.

Во 69. минута преку Енкисо, Парагвај успеа само да намали на 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.