Најдобриот стрелец досега на ЕП направи трансфер од соништата – ќе игра во ЛШ!

Најдобриот стрелец по првата фаза на ЕП 2024, Грузиецот Јоргос Микаутадзе (23), е пред трансфер од соништата по најавите дека кариерата ќе ја продолж во дресот на француски Монако.

Тој нема да ја менува државата, бидејќи до сега ги бранеше боите на Мец, но ќе го има најголемиот исчекор во кариерата, најмногу благодарение на игрите во Германија каде блескаат Грузијците, кои дебито на континенталниот собир го зачинија со пласман во нокаут-фазата. Микаутадзе е еден од најзаслужните за пробивот на Грузија во осминафиналето со трите постигнати гола досега, од кои два беа од пенал.

Според информациите на трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, Монако ги претркал другите можни конкуренти за потписот на Микаутадзе, испратил понуда до Мец и веќе се договорил со играчот. Сега останува двата клуба да се договорат за висината на обештетувањето. Монако минатата сезона заврши на второто место во Франција и се пласира во Лигата на шампионите.