Во Дортмунд имало и полициска драма: Се апсело маскирано момче на кровот на стадионот! (ВИДЕО)

Маскирано 21-годишно момче се качило на стадионот во Дортмунд во текот на вчерашниот натпревар помеѓу Германија и Данска.

Полицијата го забележала момчето некаде пред почетокот на второто полувреме. Исто така судијата Мајкл Оливер во разговор со капитените Гундоган и Каспер Шмајхел покажуваше кон кровот на стадионот каде што било момчето.

Момчето било уапсено дури еден час по забележувањето, а неговиот мотив за качувањето на стадионот засега не е познато, како и дали бил спремен да ја загрози безбедноста на стадионот.