Астон Вила се засили со поранешниот фудбалер на Челси

Фудбалерот кој изминатата сезона го носеше дресот на Лутон, Рос Баркли денеска потпиша тригодишен договор со Астон Вила.

Баркли во изминатата сезона одигра 37 натпревари и постигна пет голови за Лутон кој испадна од Премиер лигата.

За Баркли ова е враќање во Астон Вила каде што играше како позајмен фудбалер во сезоната 2020/2021.

Во текот на кариерата го носеше дресот уште на Евертон, Нница, Шефил и Лидс. Изминатите денови се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но очигледно од тој трансфер не излезе ништо.

За репрезентацијата на Англија играше од 2013 до 2019 година и во тој период одигра 33 натпревари во кои постигна шест гола.

Претходно Астон Вила ги доведе Саумел Илинг Жуниор, Енцо Баренчеу, Јан Матсен и Луис Добин.