Ако не успее да го донесе Нико Вилијамс, Барса има - план Б!

Тешка ќе биде мисијата на Барселона да го ангажира Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, последните информации не се оптимистични, но клубот работи на друго засилување.

Нико Вилијамс импресионира со игрите на Европското првенство во дресот на Шпанија, а Барселона се посочува како негова можна следна дестинација.

„Мојата иднина? Му кажав на агентот дека не сакам да знам ништо додека трае Европското првенство“, рече Нико Вилијамс.

Тоа значи дека официјални информации за неговата иднина нема да има додека трае турнирот, но шпекулациите нема да изостанат. А последните се дека и следната сезона ќе го носи дресот на Билбао.

Во меѓувреме Барселона работи на план Б. Доколку не успее да го донесе Вилијамс ова лето, тие ќе посегнат по Макси Араухо кој игра одлично за Уругвај на Копа Америка.

Араухо е член на Толука и има откупна клаузула од 20 милиони евра.