Холандија - Турција: Познати составите за последното четвртфинале

Холандија и Турција вечерва од 21:00 часот ќе го играат последното четвртфинале на Европското првенство, а селекторите Роналд Куман и Винченцо Монтела ги избраа стартните 11 за овој дуел

Куман стартува без изненадувања и со најсилниот состав, додека Монтела поради суспензии беше принуден да направи три измени. Во стартниот состав за разлика од натпреварот против Австрија место добија Акајдин, Озчан и Чалханоглу.

ХОЛАНДИЈА (4-3-3): Вербуген; Дамфрис, Де Врај, Ван Дајк, Аке; Шутен, Симонс, Рајндерс; Бергвајн, Депај, Гакпо

ТУРЦИЈА (4-2-3-1): Мерт; Мулдур, Бардакчи, Акајдин, Кадиоглу; Ајхан, Озчан; Јилмаз, Чалханоглу, Јилдиз; Ѓулер