Јамал е талентиран фудбалер, но не може против капитенот Мората (ВИДЕО)

Шпанија ќе се бори за титулата на Европското првенство (ЕП) во Германија, а нивни ривал в недела ќе биде селекцијата на Англија.

Во редовите на „црвената фурија“ владее одлична атмосфера пред последниот натпревар на турнирот, а селекторот Де Ла Фуенте организира мал турнир во „еден на еден“.

Ламин Јамал е еден од најталентираните фудбалери во светот, но на предизвикот не можеше да му парира на капитенот Алваро Мората.

Натпреварот меѓу Шпанија и Англија се игра в недела од 21 часот.