Официјално: Решена иднината на Чави Симонс

Чави Симонс и наредната сезона ќе ја помине на позајмица во Лајпциг, потврди германскиот бундеслигаш.

Се шпекулираше за иднината на Холанѓанецот, имаше најави дека може да ја промени средината, но на крајот тој ќе продолжи во Лајпциг исто така како позајмен играч.

Симонс одигра одлично Европско првенство, меѓутоа ПСЖ клуб со кој е под договор не одлучи да го задржи. Најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот сепак остана во германскиот фудбал.

Договорот кој Симонс го има со ПСЖ е со важност до 2027 година, а во изминатата сезона за Лајпциг собра 32 натпревари, постигна осум голови и подели 13 асистенции. Таквиот учинок беше доволен за Лајпциг да се одлучи одново да го има во своите редови на позајмица.